Објавено на:

Лaжнo oбвинeт зa yбиcтвo: Ослободен после 37 години зaтвoр

t

Ослободен е 61-годишниот Вили Стоукс, кој лежеше 37 години затвор во САД поради лажно сведочење против него, пренесува Агенција Анадолија.

Лажниот сведок Френклин Ли на сослушувањето во ноември 2021 година истакна дека двајца полицајци воделе случај на убиство извршено во 1980 година и дека тој во тоа време бил во затвор под обвинение за силување и убиство.

Истакнувајќи дека полицајците му понудиле дрога, намалување на затворската казна и да може да има сексуални односи ако за возврат сведочи против Стоукс, Ли рече дека ја прифатил понудата.

Ли на сослушувањата призна дека лажно сведочел дека Стоукс го извршил убиството.

Потсетувајќи дека Стоукс е осуден на доживотен затвор во 1984 година, Ли истакна дека и тој бил ослободен пред две години.

Ли на сослушувањето му се извини на Стоукс за проблемот што го предизвикал.

Стоукс (61) по судската постапка беше ослободен од затворот во близина на Филаделфија, Пенсилванија.

Неговиот адвокат Мајкл Дајмондштајн во изјавата по ослободувањето на Стоукс го изрази своето задоволство од одлуката.

Дајмондштајн истакна дека денешниот ден, колку што е прекрасен, толку е и тажен поради неправдата во спроведувањето на законот во Филаделфија.

Од друга страна, се дознава дека двајцата полицајци инволвирани во инцидентот повеќе не се меѓу живите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Пристапот на Нетанјаху во Газа е…

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон…

Борел: Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро…

Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро би…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот…

Како претседател ќе се залагам за јакнење…

Кинескиот премиер: Америка и Кина треба да…

Кинескиот премиер Ли Џианг за време на…