МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН за кршење на неговите обврски
Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, денеска усвои резолуција со која Иран, за првпат во последните 20 години, е пријавен во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за кршење на своите обврски во областа на неширење на нуклеарното оружје, соопштија дипломати.
Британските медиуми пренесуваат дека резолуцијата е продолжение на претходната резолуција усвоена на 12 јуни минатата година, со која беше утврдено дека Иран „не ги исполнил“ своите обврски во оваа област.
Пријавувањето на Иран до Советот за безбедност за тоа кршење бараше нова резолуција.
Иако не се очекува Советот за безбедност да преземе конкретни мерки против Иран, со оглед на тоа што неговите сојузници Русија и Кина се постојани членки на Советот со право на вето, овој потег претставува ескалација на дипломатскиот конфликт меѓу Иран и западните сили, соопшти агенцијата.
Иран во понеделникот предупреди дека ќе возврати доколку резолуцијата биде усвоена.
Текстот на резолуцијата, кој го предложија САД, Велика Британија, Франција и Германија, беше усвоен со 23 гласа „за“, три „против“ и осум воздржани, објавија дипломатите по затворениот состанок на МААЕ.
Русија, Кина и Нигер гласаа против, рекоа тие.
„Одборот бара од генералниот директор (МААЕ) да ја достави оваа резолуција и претходно усвоените резолуции… до сите членки на Агенцијата, како и до Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации, во согласност со релевантните одредби од Статутот на МААЕ“, се наведува во текстот на резолуцијата.
Иако наодот за непочитување датира од пред војната меѓу САД и Иран и се однесува на неуспехот на Иран да објасни траги од ураниум пронајдени на непријавени локации, кои Агенцијата ги истражува со години, сега постои нов спор околу пристапот на МААЕ до локациите бомбардирани од Израел и САД, соопшти агенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…
Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…
Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…