Објавено на:

Маж и жена од Марино загинаа, со возилото излетале во река

t

Маж и жена од скопско Марино загинаа во сообраќајна несреќа вчера утрото.

– На 26.05.2024 во 07.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од село Коњух кон село Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од село Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во Крива река. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од село Марино, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција, додаваат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…