Маж фотографирал малолетничка во автобус и се допирал по гениталиите
Фотографија на маж за кој се вели дека во автобус вчеравечер фотографирал малолетничка и се допирал по гениталиите, кружи на социјалните мрежи.
-Таа ми јави вознемирено за да ми каже. И реков слободно и таа да го слика (алал да и е, одлично го сликнала) и да му каже да ги избрише сликите. Тој рекол дека ја слика затоа што била убава. Се фаќал за гениталии, се масирал… забележале и другите во автобусот почнале да реагираат. Веднаш, тој се симнал на истата станица со неа. За 3 минути на истата станица стигнав и јас за да ја земам ќерка ми, тој беше се уште таму, стои во дел од објавата на мајката на Фејсбук.
Од МВР за Курир велат дека вчеравечер во 20.30 часот во полициската станица Карпош добиле пријава за ваков настан.
-М.М.А.(42) од Скопје пријавила дека на 11.10.2023 околу 19.10 часот, додека нејзината малолетна ќерка се возела во градски автобус бр.24 од Градежен факултет кон ТЦ Лептокарија, едно лице ја фотографирало и се допирало по гениталиите, велат од МВР.
Од Министерството посочуваат дека за случајот е известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…