Маиците на Зеленски ѝ носат милионски профит на компанијата што ги произведува

t

Од почетокот на руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји.

„Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје, воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски, таква облека носат и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Војната уништи бројни компании и корпорации, но таа е многу плодна за други фирми, како „М-ТАК“, која вработила 750 шивачки повеќе, кои работат во три смени, а според познавачите, годишниот приход е околу 150 милиони евра.

Сѐ што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус… Тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема (доволно) на пазарот, вели Александар Камишин, шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи „М-ТАК“ облека.

Компанијата е основана од Александар Карашев од Киев. Со својата партнерка Наталија Коржењук, Карашев ја отворил продавницата Милитарист во Киев, каде што првично продавале увезена опрема, а до 2014 година имале шест продавници. Карашев успеал да набави и неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби.

На крајот, тој ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнале да пристигнуваат во неговите продавници да се опремат за војната. Со тоа почна растот на неговиот бренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…