(Видео) Македонец во Израел: Имаше дожд од ракети, како што не сме виделе претходно
Македонецот Игор Анастасов, кој живее и работи во градот Аждот во Израел, за Гласот на Америка раскажува за масовниот напад на Иран врз Израел. Тој вели дека иако ваквите се нормална појава во Израел сепак имало дожд од ракети каков што никој не видел претходно.
„Живеам во Аждот во Израел, а патувам во повеќе градови секојдневно. Ситуацијата вчера беше многу тешка и лоша. Сирени свиреа насекаде низ Израел. Имаше дожд од ракети, како што не сме виделе претходно. И, прв пат од почетокот на војната сме известени сите на порака на мобилните телефони, веднаш да се засолниме. Луѓето бегаа на сите страни и се засолнуваа. Иако се подготвени со намирници и психички се навикнати да живеат со вакви ситуации, сепак стравот беше поголем и паниката се осети. Повеќето кажаа дека ова не е Хамас, туку е Хезболах, односно Иран и посериозно ја сфатија ситуацијата. Очекувам дека ќе биде лоша ситуацијата“, вели тој.
Според Игор, во израел нема многу Македонци во моментов откако поголемиот дел заминале веднаш по нападот на Хамас.
„Искрено ние Македонците кои останавме тука сме малку, и се надеваме дека животот ќе се нормализира и дека повторно ќе се вратиме да живееме мирно и нормално“, вели Игор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…