Македонија воздржана за „европската“ резолуција за Украина во ОН, изгласана е и американската, на која сме коспонзор

t

Со 93 гласови „за“ и само 18 „против“ и 65 воздржани, земјите-членки на ОН денеска ја поддржаа резолуцијата предложена од Украина зад која застана целата ЕУ, а која руската инвазија во Украина го нарекува „воена агресија“ и дава поддршка на територијалниот интегритет на земјата, барајќи повлекување на руските војници.

Македонија беше воздржана на ова гласање, откако прифати да биде коспонзор на друга резолуција, поднесена од САД, во која се користи многу поблаг речник и нема директна осуда на Русија, која не се именува како агресор или извор на конфликтот.

И американската резолуција денеска помина во Генералното собрание на ОН – зад неа застанаа 93 земји, 8 беа против, а 73 воздржани.

САД се спротивставија на усвојувањето на резолуцијата чиј автор е Украина. Според американската амбасадорка во ОН претходните резолуции на ОН кои ги осудуваа дејствијата на Русија и укажуваа на нејзиното кршење на меѓународното право „не успеаја да ја запрат војната“.

„Време е земјите-членки да се вратат на целите и принципите на Повелбата, имено – одржување на меѓународниот мир и безбедност, особено преку мирно решавање на споровите“, додаде таа.

Македонското Министерство за надворешни работи попладнево појаснуваше дека нашата поддршка за американската резолуција не треба да се толкува како напуштање или менување на веќе искажаните позиции на Македонија за цврста поддршка за Украина и осуда на руската агресија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…