Македонија гласал против НАТО во ОН! Величковски открива скандал за кој не пренесоа македонските медиуми

t

Северна Македонија, со Србија и Унгарија не поддржа свикување на Советот за безбедност за нарушувањето на полскиот воздушен простор од руски дронови.

Интересна е “споредноста” на оваа информација во медиумите на македонски јазик, а уште поинтересно е отсуството на реакција на домашните политички чинители од власта и особено од опозицијата за ова играње на Скопје по кремлински ноти.

Провокацијата кон Полска со упадот на руските дронови при нападот на цели во Украина пред неколку дена – во НАТОвска Северна Македонија беше маргинална медиумска вест.

Затоа, несолидарноста на Скопје со Варшава и сојузниците – во координација со Белград (и Будимпешта) – треба да биде ставено во рубриката “Не се објавило – значи не се случило”.

Навидум неповрзано, но ова поведение на партиите и медиумите на ваквото Вучиќево Скопје покажува дека аферата “Прислушување” не е само “уште една” афера.

Ако се тргне препукувањето меѓу Мицкоски и Филипче како очекуван “фолклор” – при се уште класифицирани податоци – останува прашањето дали тогашната опозиција била и политички и финансиски зависна од домашен агент на странско – несојузничко влијание, директно од странска држава или обете.

Но и прашањето дали странското финансиско и политичко влијание е ограничено само на тогашната или и на сегашната опозициска партија кај Македонците.

Заедничкиот молк на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по прашањето на отворањето на досиејата на ју-службите, заедничкото саботирање на ветингот и проширувањето на рестриктивните мерки… се до ова последново молчење за вучиќевата дипломатија во Белград и Скопје околу седницата на Советот за безбедност – покажува дека југо-советската припадност на Скопје до 1990 во 2025 се трансформира во српско-руска, метастазирајќи преку обете партии и нивните коалиции.

Затоа што и во Скопје и во Белград – состојбата е иста. Променети се само имињата во раководствата на партиите за кои овој дел од Балканот е руска зона – политичко и економско прокси проектирано уште од ерата на Милошевиќ. Но не и нивната политика.

Во Белград – СПС на Милошевиќ и сега на Дачиќ, Радикалите на Шешељ и Вучиќ трансформирани во Напредњаци, Јуловците на Мира Марковиќ вградени во системот преку Вулин…

Во Скопје – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ построени зад Вучиќ, од Светосавски академии за братимење со Додик до отворање на телекомуникацискиот и банкарскиот сектор за олигархиското братство на СНС (и Фидеш).

Затоа, да се фокусираме на вистинските теми – отворање на архивите и ветинг.

Тие секако ќе се спротивстават и ќе глумат дека локалните избори се “историски”. За да не бидат пратени во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

Определен притвор за едно лице за претепаниот…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…

На 115 години почина најстарата докторка на…

Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…

Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…

Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…