Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

t

Украина пред еден месец испратила барање за донација на воена опрема од Македонија, но, министерката за одбрана Славјанка Петровска соопшти дека не биле во можност да одговорат позитивно, бидејќи опремата што ја побарале се користи и во нашата држава.

Да, има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето – рече на брифинг со новинарите министерката Петровска.

Од Министерството соопштија дека Македонија претходно два пати одговори позитивно на барањата од Украина за донација на воена опрема, но дека станувало збор за застарена опрема која не се користела во нашата армија и била само товар и трошок за одржување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…