Објавено на:

Македонија, Грција и Албанија конечно ќе се погрижат за Преспа

t

С. Македонија, Грција и Албанија конечно ја започнуваат заедничката грижа за Преспанското езеро и ќе работат на унапредување на целиот регион.

Денеска се одржа иницијалниот состанок на комитетот на управувачкото тело на Преспа парк и на работната група за управување со водите во информативниот центар Пили во Грција крај брегот на малото Преспанско Езеро, пишува Мета.

Како што информираат од Македонското еколошко друштво, организација која долги години работи на различни проекти и истражувања поврзани со Преспанско езеро, за време на состанокот за прв пат по стапувањето на сила на Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа ќе се сретнат претставници од Европската Комисија, трите земји кои го делат езерото, локални власти, невладини организации и управувачките тела за заштитените подрачја.

„23 јуни 2022 година е историски ден за Преспа! Конечно и формално започнува заедничката работа на сите три држави кои го делат езерото и ЕУ за зачувување и унапредување на регионот“, велат од МЕД и посочуваат дека тие, заедно со Општината Ресен и Националниот парк „Галичица“ соработуваат повеќе од 20 години и ја поддржуваат формализацијата на прекуграничната соработка.

„Договорот беше потпишан на 2 февруари 2010 година од страна на министрите за животна средина на трите земји и комесарот за животната средина на ЕУ, но Грција го одложуваше ратификувањето во последниве седум години. Денеска ја споделуваме радоста со нашите колеги од Грција и Албанија, а најмногу со населението од Преспа кое конечно ќе може да се потпре на заедничко меѓународно тело да донесува издржани одлуки за одржливата иднина на регионот“, велат од МЕД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената

Човекот кој треба да стане првиот грчки…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…

Гркинка на 54 години роди девојче од…

Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…