Македонија не е на списокот: Русија ќе извезува жито само во пријателските земји
Рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев во четвртокот изјави дека жетвата на житото во земјата може да достигне 130 милиони тони оваа година, што би било доволно за покривање на домашните потреби и за обезбедување на извозен потенцијал.
Говорејќи на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), тој укажа на бројни предизвици, вклучително и прекинати синџири на снабдување и тешкотии со финансиските пресметки.
Патрушев рече дека Русија мора да ги надмине овие пречки за да им обезбеди храна на земјите на кои им е најпотребна. „Нашите [земјоделски] производи ќе бидат на странските пазари, но само во оние земји кои се пријателски настроени кон нас, кои не ни создаваат пречки и тешкотии“, им рече тој на новинарите.
Русија очекува жетва на жито оваа година, вклучително и рекордна жетва на пченица, рече претседателот Владимир Путин минатиот месец. Тој додаде дека голем број земји се соочуваат со закана од глад, нагласувајќи дека вината за оваа ситуација е целосно во „западните елити“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…