Македонија понуди помош за цивилното население во Украина
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, оствари видеоразговор со министерот за здравство на Украина, Виктор Љашко.
Украинскиот министер изрази благодарност до Владата на Македонија и до Министерството за здравство за хуманитарната поддршка на Украина.
Љашко истакна дека од голема важност за граѓаните на Украина е придонесот во здравствената заштита, како и хуманитарната помош, која од страна на Министерството за здравство на Македонија во повеќе наврати изминатиот период беше донирана до Украина.
Хуманитарната помош од Македонија се состоеше во лекови и медицински средства, медикаменти и антибиотици.
Министерот Меџити истакна дека Македонија секогаш знае да понуди помош и поддршка во заштита на цивилното население и да биде хумана и солидарна во најтешките моменти.
Соговорниците разменија мислења и за соработката меѓу земјите во рамкитр на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина, Олена Зеленска, со цел да се воспостави ефективно партнерство меѓу здравствените институции на Украина и странските земји.
На состанокот беа разменети мислења и за соработка на здравствените институции меѓу двете министерства за здравство, кои би се состоеле во размена на искуства за актуелните предизвици во областа на здравствената заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…