МАКЕДОНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОДГРЕВА ТЕНЗИИ: Официјална Софија за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“
Очигледен е обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров во Благоевград – изјави заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија Костадин Коџабашев, јави МИА од Софија.
Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во Македонија.
– Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот – нагласи Коџабашев.
На отворањето на културниот клуб ќе присуствуваат две македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Од друга страна, партијата ВМРО-Бугарско национално движење подготвува протест. Заменик министерот Коџабашев го повика народот во Благоевград да реагира мирно и „да не подлегнува на провокации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…
Дете претепано во тоалет од основно училиште
На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…
Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…
Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…
Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…