Македонскиот карате тим освои златен медал на Универзијадата во Полска
Машката екипа на македонската универзитетска карате репрезентација освои злато во борби на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска.
Карате-тимот составен од Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски во финалето ја совлада Украина со резултат од 3-1.
На истиот реномиран шампионат, во индивидуална конкуренција со златно признание се закити и Давид Петков, додека Ангела Мојсовска освои бронза.
– Постигнавме голем резултат, за првпат на една европска универзијада македонските каратисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал, секако, е најтежок за освојување и затоа сите сме многу среќни. Успехот е поголем бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија -67 кг. да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг нè направија многу горди. Вкупниот биланс од оваа универзијада се две златни медали и еден бронзен медал – изјави Бошко Заборски, селектор на универзитетската репрезентација на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…
Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…