Објавено на:

Македонскиот херој се јави од САД: Обрадовиќ е генијалец, Партизан може до Ф4!

t

Кошаркарите на Партизан вечерва ја почнуваат четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид (20.45 часот), која се игра до три победи и од која првите две средби ќе се одиграат во шпанската престолнина, со желба за ново чудо и пласман на фајналфор-турнирот.

Поддршка за црно-белите доаѓа од сите страни, па и од САД, од каде што се јави поранешниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, кој има верба во тимот за кој настапуваше во минатото. Тој се присети на 2010 година кога го носеше дресот на Партизан, во која стигнаа до евролигашката завршница.

„Таа 2010 година беше феноменална. Го освоивме сите трофеи во Србија и како награда добивме настап на фајналфор-турнирот во Евролигата. Сите ги шокиравме со тоа. Сега ситуацијата е слична, со тоа што Партизан го има и генијалниот Жељко Обрадовиќ на клупата, кој би можел да најде лек за Реал Мадрид и да направи ново чудо“, изјави Мекејлеб.

Македонскиот Американец играше за црно-белите во сезоната 2009/10, по што направи трансфер во Монтепаски. Пасош на нашата држава доби во 2010 година и беше меѓу најдобрите во сензационалното четврто место на Македонија на ЕП 2011 во Литванија.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…

Авион на линијата Тел Авив – Виена…

Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…