Македонските државјани гласаат во амбасадата во Белград

t

Македонските државјани во Србија денес гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во македонската амбасада во Белград.

„Гласањето на Избачкото место 5025 тече нормално, отворено е изутрина во 07 часот согласно законските прописи, а ќе се затвори во 19 часот. На ова избирачко место пријавени се 31 гласачи“, изјави Михаела Веселинов претседател на ИО на Избирачко место бр. 5025 во Белград.

Македонските државјани во Србија и во дијаспората по трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на Претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин.Денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград.

Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност.

Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на Претседатеслките избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин…

Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин…

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант…

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово…

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН!…

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа…

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за…

Таравари: Сѐ уште е рано за да…

Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во…