Македонските и бугарските полициски специјалци денес на заедничка вежба во Софија
Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија.
На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.
-Денеска, ( 01.07) во Софија, Република Бугарија во Министерството за внатрешни работи , министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски со придружна делегација ќе присуствуваат на билатерална средба со министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, по што и двете официјални делегации ќе имаат можност да ги проследат заедничките вежбовни активности на специјалните единици од двете Министерства за внатрешни работи, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…