Македонските и бугарските фудбалски легенди ќе истрчаат на теренот: Хуманитарен фудбалски натпревар на Македонија и Бугарија за помош на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани

t

Во Варна денеска ќе се одигра хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски легенди на Македонија и Бугарија, а целиот приход ќе биде наменет за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Натпреварот е во организација на бугарската Фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Спартак, во Варна, со почеток во 17 часот по македонско време.

На денешниот натпревар за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, а од помладата генерација Валери Божинов.

Македонската репрезентација ќе биде составена од фудбалери од првата репрезентативна генерација, меѓу кои великаните, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Бошковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорги Христов и Артим Шаќири.

Селектор на македонската репрезентација ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а Димитар Пенев ќе ја предводи Бугарија од клупата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…

Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…