Македонски артилеристи во состав на НАТО на границата со Русија?
По една дивизија артилеристи од Армијата на Македонија и Армијата на Црна Гора е распоредена во состав на единицата на НАТО задолжена за зајакнување на одбраната на Летонија, кон Русија.
Според порталот Балканска безбедносна мрежа (ББМ) тие опслужуваат по една хаубица од 155 милиметри, а балканските членки на НАТО се вклучени во словенечкиот артилериски вод.
Во Летонија има 36 офицери и подофицери од словенечката армија, десет од Црна Гора и девет од Македонија.
Словенците во Летонија префрлиле хаубици ТН90 со максимален дострел од 23,5 километри, кои со ракетни проектили можат да достигнат дострел од 39 километри. Дел од хаубицата се осум артилеристи и возач.
Словенечката армија има 18 такви хаубици, а еден вод сега е во Летонија како дел од борбената група на НАТО, во мисијата за засилено напредно присуство.
„Од 2017 година, поради наводниот притисок на Русија врз источните членки на алијансата, НАТО распореди еден мултинационален баталјон во три предбалистички држави и Полска. Од почетокот на војната, важноста на тие единици во контекст на плановите на НАТО значително се зголеми и тие добија поголем офанзивен карактер со повеќе тенкови и артилерија“, се наведува во текстот.
„Од 2019 година, црногорските војници кои претходно биле извидници, инженери и членови на атомската биолошка хемиска одбрана се ротираат на шест месеци во базата кај местото Адажи. Македонците досега го имаа само одделението АБХО во нивната прва ротација од јуни до декември 2022 година“, се додава.
Во Романија во иста мисија е водот на АРМ, а во Бугарија се и македонски и црногорски вод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Сиљановска Давкова на средба со командантот на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…