Македонски државјанин нападнат и ограбен во Белград
Припадниците на полициската станица Нови Београд, во соработка со инспекторите на Второто одделение на криминалистичката полиција и интервентни екипи 92, ги привеле Александар Г (33) и Валентина Г (33) поради разбојништво.
Тие се обвинети дека нападнале маж во стан на улицата Сурчинска на 4 мај и украле 300 евра, 10.000 динари и мобилен телефон од државјанин на Република Македонија, пренесе српски „Блиц“.
Случајот го пријавил во полиција, која брзо реагирала, ги идентификувала и ги привела осомничените. Се трага по уште едно лице, а со одобрение на Третото основно јавно обвинителство во Белград, на осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…
Утрово во центарот на Белград е убиен…