Македонски манифест до владиката Тимотеј и г.г. Стефан: Како не ви е срам? Се тресете поради фрустрациите на гркофонските цркви, а око не ви трепнува за гневот и бесот на македонските верници заради бришење на МПЦ

t

Јавно обраќање на Македонски манифест

ШОКАНТНО! ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ТВРДИ ДЕКА НЕКОЈ ОД НАШИОТ СИНОД ПИСМЕНО БАРАЛ БРИШЕЊЕ НА МПЦ И ОТКАЖУВАЊЕ ОД ЈУРИСДИКЦИЈАТА ВРЗ ЦРКВИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА, А ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ДЕМАНТИРА

ОСТАНУВА ДИЛЕМАТА КОЈ ЛАЖЕ?

Во одлуката на Вселенската патријаршија од 09.05.2022година, јавно објавена на нејзината страница со која сме внесени во канонско единство, во точка 3 стои: „КАКО ИМЕ НА ЦРКВАТА СЕ ПРИЗНАВА ОХРИДСКА, СО ЈУРИСДИКЦИЈА САМО ВО ГРАНИЦИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, КАКО ШТО Е ВЕТЕНО ОД ВАШИОТ ПРЕСТОЈАТЕЛ ВО ПИСМЕНО БАРАЊЕ УПАТЕНО ДО ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА, ИСКЛУЧУВАЈЌИ ГО ТЕРМИНОТ МАКЕДОНСКА ИЛИ БИЛО КОЈА ДРУГА ИЗВЕДЕНКА ОД ТЕРМИНОТ МАКЕДОНИЈА“. Но, во интервју за порталот НОВ АСНОМ од 02.03.2023 година портпаролот на СИНОДОТ Владиката Тимотеј демантираше дека такво писмено барање е упатено. Напротив, тој вели дека со соопштение до јавноста Светиот Архиериски Синод (САС) на МПЦ-ОА цврсто стои на уставното име на црквата и не се откажува од него. Ако ова тврдење на Тимотеј е точно се покажува дека Вселенската патријаршија брутално лаже.

Македонски манифест смета дека Владиката Тимотеј и САС на МПЦ-ОА треба веднаш да му откажат гостопримство на Вартоломеј во македонските храмови. ТОМОС со кој се сквернави името МПЦ и се одзема јурисдикцијата врз црквите во дијаспората не ни треба. Ако не го сторат ова, Тимотеј и СИНОДОТ во очите на македонските верници ќе бидат вистинските лажговци. Со оглед на молкот кој трае цели 10 месеци се чини и едните и другите се ЛИЦЕМ СВЕТЦИ СРЦЕМ ВОЛЦИ. Ние Македонците со право сме загрижени за својата црква. Особено сме чувствителни на лаги. Сеуште ни се свежи лагите на несудениот нобеловец од Муртино и на Преседателот дека нема да има промени на уставното име и Преговарачка рамка, за набрзо брутално да не измамат. Македонскиот народ нема да дозволи ново национално предавство. Сомнежите ги подгреваат контрадикторните изјави на Владиката Тимотеј и Аргхиепископот Стефан. Тие во интервјуа за НОВ АСНОМ и Белградска ПОЛИТИКА, без срам и перде изјавија дека за нас е прифатлив ТОМОС од Вселенската патријаршија со кој би не признале како Охридска Архиепископија затоа што името МПЦ ги иритирало верниците во гркофонските цркви. Затоа јавно ги прашуваме. Како не ви е срам? Се тресете поради фрустрациите на гркофонските цркви, а око не ви трепнува за гневот и бесот на македонските верници заради бришење на МПЦ. Малку ви е тоа па поданички повторувате дека вистинскиот ТОМОС го чекате од Вселенската патријаршија. Чудно но во исто време се јавија дузина гласноговорници таканаречени црковни аналитичари, портали, професори… кои исто така бессрамно како по диктат повторуваат дека нов, вистински или конечен ТОМОС треба да се чека од Вселенската патријаршија. Некои отидоа до таму што тврдат дека за погрдните имиња со кои нѐ признаваат другите помесни цркви виновни биле СПЦ и РПЦ, кои нѐ признаа како МПЦ-ОА. Ваквите изјави повеќе ни личат на недоветни отколку на срамни. Кој им е мотивот и сатисфакцијата треба да откријат надлежните служби.

На сите овие, па и на СИНОДОТ јавно им порачуваме: ПРЕСТАНЕТЕ ДА ТАЛКАТЕ НАОКОЛУ ПО ВИСТИНСКИ И КОНЕЧЕН ТОМОС. ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА КОЈА СЕ СЛУЖИ СО ЛАГИ, КАКО ШТО ВЕЛИТЕ ВИЕ, НЕ Е ДОСТОЈНА ДА ИЗДАВА ВИСТИНСКИ ТОМОС. Вистинскиот и конечен ТОМОС МПЦ го доби уште пред близу 2000 години од Севишниот преку неговиот личен пратеник Апостолот Павле, кој на повик од Македонецот дојде во Македонија и започна со ширењето на Евангелието. Во Македонија ја покрсти првата европјанка, Лидија Македонката. Во Македонија ја основа и првата европска црква. Овој ТОМОС директно е запишан во Библијата – Дела апостолски. Апостолска црква не може да има црква мајка затоа што постара нема. Вселенската патријаршија во Цариград која брои само стотина верници е основана во 4-ти век, а тоа е време кога во денешните граници на РМ веќе има изградено близу петстотини ранохристијански базилики, сите регистрирани во Археолошката карта на Македонија. Господата од СИНОДОТ не може да не знаат дека бришењето на МПЦ е сквернавење на Библијата и на Божјата воља. Тоа македонските верници нема да го дозволат, како што нема да дозволат откажување од јурисдикцијата врз црквите во дијаспората. Ние денес имаме повеќе Македонци во дијаспората отколку во матичната земја. Откажувањето на јурисдикцијата врз тие цркви ќе значи и крај на македонската црква, држава и народ.

Имајќи го сето ова во предвид оправдани се нашите стравувања дека „патриотите“ во СИНОДОТ го чекаат своето ново крштевање од мешовитата историска комисија и од Вартоломеј со неговиот лажен ТОМОС, како вовед во самобришење на МПЦ. Се чини СИНОДОТ ги следи антимакедонските политичари кои бессрамно го избришаа името на државата и се откажаа од Македонците во соседството и дијаспората. Нема да дозволиме „патриотите“ во СИНОДОТ по истиот терк да го самоизбришат името МПЦ и да се откажат од јурисдикцијата врз црквите во дијаспората.

Ги повикуваме македонските верници да се самоорганизираме да го спречиме влезот на Вартоломеј во македонските храмови. Ако се покаже дека постои писмо од СИНОДОТ со кое се бара бришење на МПЦ ги повикуваме верниците да се подготват за нов Црковно народен собор и избор на нов СИНОД чија основна задача ќе биде да го зачува името МПЦ-ОА и црквите во дијаспората, но и малку повеќе да се грижи за македонските верници, а не за фрустрациите на фанариотите.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

За Македонсѝки манифеѝст:

Ефтим Клетников – поет

Дардан Венетски – правник, новинар

Проф. Стојан Стојков – композиторѝ

Проф. Запро Запров – диригент

Проф. д-р Цветан Гавровски – инженер

Проф. д-р Слободан Пренџов – инженер

Проф д-р Наташа Котлар – историчар

Фимка Клетникова – поетеса

Алдо Климан – писател

Александар Русјаков – писател

Сотир Костов – правник, политики аналитичар

Проф. Нестор Огинар – филолог

Проф. д-р Милица Огинар – филолог

М-р Марија Светиева – акад. Сликар

Лиле Ниноска Соколовска – историчар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По снимките во кои зборува за притисок…

Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…

Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…

Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…