Македонците во Албанија го одбележаа Велигден според сите христијански традиции

t

Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови, известува македонскиот весник во Албанија, “Илинден”.

На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Воскресението Христово – Велигден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…