Македонците во Албанија го честитаат Денот на независноста на Македонија: Нашата историја и култура да продолжат да бидат светилник на единство, сила и напредок

t

До сите Македонци каде и да се честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста упатија единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

– МАЕИ на сите Македонци каде и да се,  им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи, стои во честитката.

Се посакува „нашата историја и култура да продолжат да бидат светилник на единство, сила и напредок”.

Честитка упати и Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа.

  – Во мое и во име на Советот на општината и општинската администрација  нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, стои во честитката на Колефски.

Денот на независноста го честиташе и Македонското друштво „Илинден-Тирана“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…