Македонците во светот ги осудуваат најавите за менување на Уставот: Брисел да не се меша во внатрешните работи на Македонија!

t

Во пресрет на последниве најави на одредени политички владеачки и опозициони кругови во државата, по прашањето поврзано со повторно менување и отворање на Уставот на Македонија, со свој став се произнесе и Координативното тело на Македонците во Европа и светот.

Се осудуваат сите најави, потфати и чекори на било кој политички фактор во Македонија и надвор од неа, кои заговараат повторно менување и отворање на Уставот.
Никакви гаранции не се потребни да се бараат од ЕУ и Брисел заради внесување на неколку стотици поткупени “Бугари” во преамбулата на Уставот. Всушност при секое чепкање на истиот, одредена малцинска заедница упорно настојува и успева да бара свои права кои всушност имаат за цел федерализација на државата .
Тој процес е веќе започнат од 2001 со Рамковниот и трае до бесконечност.

Истовремено се осудува циничната и бескруполозна негаторска политика на ЕУ спрема именувањето на државата, како и нејзината вмешаност и условување во процесот на преговори .

Никој нема право однадвор да се меша во внатрешните односи и одлучување на државата . Тоа важи како за соседите, така и за Брисел.

Не за повторно менување на уставот !

28 октомври , 2022, велат од Координативно тело на Македонците во Европа и светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

Мицкоски: Македонија е на иста маса со…

Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…

Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…