Македонците одат во Грција на кафе и гиро, Грците доаѓаат кај нас за да пазаруваат поевтино

t

При секој продолжен викенд обично кај Гевгелија, на граничниот премин „Богородица“ се формираат долги колони на возила кон грчката граница. Македонците, освен на прошетка, сакаат да купат нешто од големиот шопинг мол „Космос“, во Солун да пијат кафе и да јадат гиро, да си направат селфи покрај море…

Но, има и масовно доаѓање на Грците кај нас, но со малку поинаква намера. Грчката партија „Сириза“ посочува дека илјадници Грци одат во Македонија за да купат многу поевтини производи.

Дури се купуваат и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на оваа партија Дора Авгери.

Авгери воедно ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“ Таа додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…