Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам, не по моја волја сум оддалечен од партијата

t

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ ги коментираше резултатите на партијата на минатите избори, кои Макрадули ги кажа како разочарувачки во гостување на ТВ21.

ТВ21 му постави прашање на Макрадули, каде се оние постарите членови на СДСМ сега и кои му требаат на партијата да се консолидира.

„На СДСМ во моментов и требаат и децата на СДСМ но и ние со белите коси. Ни требаат сите. Во СДСМ погрешно се третира лојалноста. Не може да се спореди клиентелизмот со лојалноста, тоа се различни категории. Тука преовладува клиентелизмот во моментов“, изјави Макрадули.

Тој кажа дека не по негова волја е оддалечен од партијата.

„Не по моја волја бев оддалечен од СДСМ, но тоа не значи дека јас не сум придонел на свој начин и не сум присуствувал на настаните. Затоа кажувам постои разлика помеѓу лојалноста и клиентелизмот. Јас сум убеден дека Северна Македонија треба да биде едно општество за сите“, изјави Макрадули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…