Објавено на:

Макрон: Албанија ќе биде во ЕУ за две години, инвестирајте таму

t

Претседателот на Франција, Емануел Макрон во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече, ќе биде во Европската унија „за две години“.

Европа е „стабилно и доверливо место“, рече Макрон на економскиот форум „Приоритет Европа“, кој го организираше институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас.

„Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, рече Макрон.

Целта на состанокот е да ги поврзе европските лидери и иноватори со суверените фондови и шефовите на компании од Блискиот Исток, Азија и САД.

Албанија е „влезна точка“ во регионот на Балканот и пошироко во медитеранскиот басен, смета францускиот претседател.

„И за две години, за што премиерот Еди Рама има јасен мандат, таа ќе се приклучи на ЕУ“, рече Макрон.

Рама изјави дека преговорите на неговата земја за приклучување кон ЕУ почнаа во 2022 година и додаде дека ако „добро ги завршат сите свои задачи“, би можеле да ги „заклучат до 2027 година“, додавајќи дека тоа „би било неверојатно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама за неинтонирањето на албанската химна во…

По реакцијата на Министерството за Европа и…

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

(Видео) Историска снимка од првата средба на…

Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…

СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…