Макрон: Во тек се технички подготовки за директни разговори меѓу Европа и Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека се подготвуваат технички разговори за евентуално обновување на директните преговори меѓу Европа и Русија за конфликтот во Украина, пренесува „Политико“.
„Мораме да бидеме подготвени, затоа се во тек технички разговори за да се овозможи тоа“, рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање за неговиот повик од декември за повторно воведување на дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој нагласи дека е важно Европејците да ги обноват каналите за комуникација со Русија, но сите разговори со Путин ќе бидат координирани со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и со клучните европски партнери. Макрон ја истакна и улогата на „Коалицијата на добронамерните“ – група земји кои ја поддржуваат Украина.
Францускиот претседател, сепак, оцени дека Русија со продолжувањето на бомбардирањето на украинскиот цивилен сектор и енергетска инфраструктура не покажува вистинска подготвеност за мировен договор. „Денес продолжуваме да ја поддржуваме Украина, која е под бомби и на студ, што е неприфатливо и не покажува волја за преговори“, додаде Макрон, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…