Макрон дециден: Франција мора да биде независна нуклеарна сила!
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави вчера дека воената стратегија на Франција до крајот на деценијата мора да се фокусира на зајакнување на земјата како независна, почитувана нуклеарна сила.
– Европа повеќе не е заштитена од ракети и беспилотни летала. И ние мора да ја прифатиме оваа реалност – рече Макрон, говорејќи на носачот на хеликоптери Диксмуд, закотвен во медитеранската воена база Тулон, каде има повеќе од 24.000 француски војници.
Претставувајќи го националниот стратешки план на Франција, кој треба да дефинира како ќе изгледа одбраната на земјата во 2030 година, Макрон рече дека руската агресија против Украина може да претходи на пошироките геополитички ривалства и иднината.
– Франција сака да биде независна, почитувана, агилна сила во срцето на Европа со силни врски со НАТО алијансата – рече Макрон.
Макрон денеска треба да ја обиколи најновата француска нуклеарна подморница, „Суфрен“, пред да се сретне со членовите на француската морнарица подоцна во текот на денот,пренесе Блиц.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…