Макрон: Можна е копнена операција против Русија во Украина
Не е исклучено да биде извршена операција за соочување со руската армија во Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за весникот „Паризиен“.
„Можно е во одреден момент, а јас не сакам и нема да го иницирам тоа, да биде неопходно да се извршат операции на терен, какви и да се тие, за да се спротивставиме на руската армија“, рече тој, додавајќи дека Силата на Франција се рефлектира во тоа што таа може да го направи тоа.
Весникот „Телеграф“, повикувајќи се на европски дипломати, пишува дека Макрон го променил тонот кога зборувал за Украина поради очајната желба да го врати престижот на Париз на светската сцена.
„Го опишуваат како лидер кој поради променливото политичко опкружување очајно сака да се гледа како доминантна сила во Европа, и на меѓународната сцена и во Франција“, се наведува во материјалот.
Западните политичари ги наведоа и несогласувањата меѓу францускиот претседател и германскиот канцелар Олаф Шолц, што исто така влијаеше на промената на ставот на Макрон кон конфликтот во Украина.
Да потсетиме, на крајот на февруари, на прес-конференцијата по средбата посветена на поддршката на Украина, претседателот на Франција изјави дека не може да се исклучи можноста за испраќање сили во Украина, иако за тоа нема консензус меѓу европските лидери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…