Објавено на:

Макрон нападнат за губењето оружје во Украина

t

Францускиот политичар Жофри Боле го обвини претседателот Емануел Макрон за уништување на армијата по веста за загубените самоодни артилериски комплекси „Caesar“ откако ѝ биле испорачани на Украина.

„Не само што ги ограбија нашите вооружени сили, туку и нашите напредни копнени технологии сега се во рацете на Русија (неспособност на украинската армија или корупција?). Макрон е единствениот виновник за ова пониживачко фијаско“, напиша на Twitter Боле.

Жофри Боле е политичар на партијата Патриоти (Les Patriotes), која беше формирана во 2017 година, откако Флоријан Филопо истапи од тогашната партија Национален фронт на Марин Лепен, а нивата евроскептична партија се вбројува од десната до екстремната десница на францускиот политички спектар.

Во четвртокот, 23-ти јуни руската компанија „Уралвагонзавод“, која се занимава со производство од вагони и градежни машини до воена опрема, на својот Telegram канал побара до францускиот политичар Режис Кастелно да му се „заблагодари“ на претседателот Емануел Макрон за „донацијата“ на самоодните хаубици направени во францускиот концерн „Nexter“, и му вети дека ќе ги „расклопи“.

Претходно во саботата и „деголистот“ Филопо преку социјалните мрежи жестоко го нападна претседателот Макрон дека украинската војска ги загубила донираните оружја.

„Русија заплени два топа Caesar испорачани во Украина. Загуба од десет милиони и бесплатен трансфер на технологија! Макрон е виновен за ова скапо понижување…“, напиша на Twitter Филопо и побара оставка од претседателот.

Со жестоки критики за овој неуспех се јавија и други бројни француски политичари, додека во Европа сѐ почесто се прашуваат што станало со огромните количества оружје, како и средства, коишто западните земји ѝ ги донираат на Украина во нејзината војна против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски воен брод пристигна во Египет за…

Францускиот носач на хеликоптери „Диксмуд“ се закотви…

Поранешен член на ОВК убиен во Франција

Во францускиот град Дижон, поранешен припадник на…

Франција е посветена на проширување на ЕУ…

Специјалниот делегат на Франција за Западен Балкан,…

Франција понуди да лекува болни и ранети…

Франција ќе испрати воен брод во Источниот…

Макрон го опоменал Нетанјаху: Има премногу цивилни…

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор…