Макрон најверојатно ќе го задржи мнозинството во францускиот парламент
Центристите на францускиот претседател Емануел Макрон се на добар пат да останат водечка политичка сила во парламентот, но засега не е познато што ќе добие и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на парламентарните избори.
Центристичката коалиција Заедно (Ансамбл) на Макрон би можелa да освои меѓу 275 и 310 места според анкетата на Ifop, додека според агенцијата Ipsos би освоил 255 до 295 места, а за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 места, додаде АФП. Радио Франс Инфо, од своја страна, објави дека центристите на Макрон и левичарскиот сојуз предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон освоиле по 25,2 отсто од гласовите, а на третото место со 18,9 отсто е десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен, пренесува Радио Слободна Европа.
Вториот круг од изборите е закажан за 19 јуни, а потоа ќе се знае дали Макрон ќе го задржи апсолутното мнозинство што ќе му овозможи да ги спроведе реформите што ги вети на почетокот на мај на почетокот на вториот претседателски мандат. Право на глас имаа 48 милиони Французи кои вчера можеа да гласаат за 577 пратеници. Излезноста беше само 47 насто, најмалку во модерната историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција влезе во рецесија: економијата бележи пад…
Француската економија влезе во рецесија, покажуваат ревидираните…
(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во…
Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот…
Во Франција шеста сабота по ред протести…
Ширум Франција шеста сабота по ред се…
Франција потврди присуство на свои војници во…
Француски воени припадници веќе неколку месеци се…
Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…
Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…