Макрон оди во Вашингтон на средба со Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потврди дека неговиот француски колега Емануел Макрон ќе пристигне во Вашингтон, „можеби во понеделник“, поради несогласувањата околу решавањето на конфликтот во Украина.
Запрашан во претседателскиот авион за распоредот за средбата со Макрон, Доналд Трамп одговори: „Многу наскоро, можеби во понеделник“. Непосредно пред тоа, американски функционер изјави дека шефот на француската држава се очекува во Белата куќа „на почетокот на следната недела“.
Емануел Макрон се состана со Трамп на почетокот на декември, пред неговата инаугурација, на трилатерален состанок во Елисејската палата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Војната во Украина се очекува да биде на дневен ред во Вашингтон, бидејќи администрацијата на Трамп ги започна првите директни разговори со Русија.
Во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио одржаа билатерални разговори во Саудиска Арабија и се договорија да преговараат за Украина, без да го поканат Киев или Европејците, кои стравуваат дека договорот може да биде постигнат зад нивниот грб и против нивните интереси.
Претседателот Макрон во средата рече дека позицијата на Франција и нејзините партнери за Украина и европската безбедност е „јасна и обединета“, по консултациите со европските и неевропските земји.
Макрон во понеделникот го одржа првиот итен состанок со европските партнери, а вториот во средата, на тема Украина и европската безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…