Макрон омекна? Треба да се разгледаат Руските барања
Западот треба да разгледа како да одговори на потребите на Русија за сигурносни гаранции, доколку претседателот на Русија Владимир Путин се согласи на преговори со кои ќе се стави крај на насилствата во Украина, посочи францускиот претседател емануел Макрон во интервју за француската телевизија ТФ1.
– Една од битните точки на која мора да се посветиме е како што претседателот Путин оттсекогаш говореше дека НАТО ќе му дојде на врата и како тоа би можело да ја загрози Русија. Таа тема ќе биде предмет на мировните преговори, затоа треба да се подготвиме за тоа и да видиме како ќе ги заштитме нашите партнери и како на Русија да ѝ дадеме гаранции – изјави Макрон.
Во интервјуто Макрон потести на неговиот разговор со Џо Бајден, кога американскиот претседател кажа дека е заинтересиран за преговори само доколку Путин е подготвен да ја прекине војната во Украина.
Многумина во Украина, но и во Европа се противат на било какви преговори, додека руските трупи се на украинска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…