Макрон: Погрешно е да се мисли дека Русија ќе застане на Донбас и Крим

t

Секој што мисли дека Русија ќе застане во Донбас и Крим греши, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на крајот од самитот на Европската унија во Брисел, откако Русија рече дека е во војна поради интервенцијата на Западот во Украина.

„Користењето на овој термин, исто така, создава несигурност за воените цели на Русија“, додаде Макрон.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека најновите руски тврдења за војна ја покажуваат „важноста од градењето на сопствената одбранбена индустрија на Европската унија“.

„Мораме да бидеме луцидни и мора да им кажеме на нашите граѓани низ ЕУ дека ако сакаме мир, ако сакаме безбедност и стабилност, исклучително е важно да ги подобриме нашите одбранбени способности и да изградиме вистинска европска одбранбена унија“, рече Мишел на крајот на самитот во Брисел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека коментарите покажуваат дека Кремљ го предал рускиот народ криејќи ги фактите и негирајќи дека Русија е во војна во последните две години.

Кремљ објави дека Русија сега се смета себеси во војна поради западната интервенција на страната на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…

Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…

(Видео) Зеленски предупредува: Ако падне Украина, 20…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалниот…

Си-ен-ен за Македонија: „Прекрасна природа, спокојство, врвна…

Американската телевизиска мрежа CNN ја претставува Македонија…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до…

Во Министерството за здравство денес се објавија…