Макрон: Формираме коалиција за испорака на оружје со долг дострел во Украина
Западните сојузници на Украина формираа коалиција за испорака на оружје со долг дострел на Киев, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ја формираме деветтата коалиција која ќе се занимава со испорака на ракети и бомби со среден и долг дострел“, рече Макрон на прес-конференција по вчерашната средба посветена на поддршката на Украина. Како што рече, претходно биле формирани осум коалиции за испорака на други видови муниција. Според него, лидерите разговарале за можноста за испраќање војска во Украина, но не е постигнат консензус.
„Денеска на слободен и директен начин се разговараше за се. Сега нема консензус за испраќање копнени единици. Но, како што се развиваат работите, ништо не може да се исклучи. Ќе направиме се за Русија да не победи во оваа војна. Се е можно, ако е корисно да се постигне целта“, рече францускиот претседател. Тој рече дека е неопходно да се победи Русија за доброто на Европа. „Поразот на Русија е неопходен за безбедноста и стабилноста во Европа“, рече тој, пренесува „Фигаро“. Макрон додаде дека западните земји ќе одредат кои трети земји можат да бидат ангажирани за испраќање муниција во Украина.
„Приоритет бр. 1 е муниција. Подготвени сме да ги искористиме сите наши залихи, а сакаме и да идентификуваме трети земји кои можат да се ангажираат за испорака на разни видови муниција, како и за набавка на компоненти, како што е барут“, додаде тој. Францускиот претседател исто така рече дека Париз не води преговори со Киев за испорака на ловците Мираж, туку истражува колку би било корисно да и се дадат авиони на Украина и дека е ангажиран во обука на пилоти. На состанокот учествуваа лидерите на 20 европски земји, меѓу кои германскиот канцелар Олаф Шолц, британскиот премиер Риши Сунак, полскиот претседател Анджеј Дуд и други. Соединетите Американски Држави ги претставуваше Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Целта на состанокот беше да и се покаже на Русија дека помошта за Украина нема да биде прекината, соопшти претходно Елисејската палата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…