Макрон: Франција ќе продолжи да прима странци!
Франција отсекогаш ги поздравувала и ќе продолжи да ги пречекува странците, особено барателите на азил и студентите, изјави денеска претседателот Емануел Макрон, во првото интервју по усвојувањето на контроверзниот закон за реформа на француската имиграциска политика.
„Законот е резултат на неопходен компромис“, рече Макрон, додавајќи дека политичкиот живот се состои од кризи, несогласувања и договори, пренесува Ројтерс.
Францускиот претседател се соочи со поделби во владејачката коалиција, откако пратениците го одобрија законот за заострување на правилата за државјанство и социјално осигурување за имигрантите, но најави дека ќе се обиде да ги отстрани „одредбите во новиот закон што го иритираат мнозинството“.
Макрон рече дека не ги предал своите гласачи кои го поддржале да ја запре екстремната десница и повтори дека не прифаќа одредени одредби од новиот закон
„Претседателот Макрон предлага во наредните недели законот да биде испратен до Уставниот совет, највисокиот државен орган задолжен за контрола на уставноста, кој е и правен и политички орган, да одлучи за отстранување на иритирачките одредби од предлог-законот. “, потврди неименуван извор близок до парискиот дневен весник Фигаро, соработник на францускиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…