Максим Димитриевски и татко му на Заев се “спукаа” на Фејсбук за 27 април: Каква сорта си ти бе, едвај жива глава извлековте

t

По повод петгодишнината од крвавиот упад во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година со насилство врз пратениците,

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој беше нападнат на „крвавиот четврток“ денеска се огласи со објава на социјалната мрежа Фејсбук по повод петгодишнината од крвавиот упад во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година.

Во објавата тој порача дека правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, но за жал како и секогаш заглавиле само подредените и подведените додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекле и спогодиле. Димитриевски напиша и дека историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапил.

По оваа негова објава, Панче Заев – таткото на поранешниот претседател на Владата и поранешен претседател на СДСМ му напиша коментар на Димитриевски на Фејсбук.

– Максим нели ти е срам беше таму имавте среќа што извлековте живи глави и сега да имало за сите амнестија, што сорта ќе беше ти се однесуваш како да не си оттука, срамно Максо мојот трет син и побратим на Зоки – напиша Панче Заев.

Димитриевски, веднаш му врати коментар дека е од сортата Кумановска, истата таа сорта што пред Владата со денови спиеше заедно со многумина како нив, истата таа сорта што застана во прв ред да го брани тоа во што верувале сите, во слоганот „Нема правда, нема мир“, во подобра држава во која поединци нема да бидат над законот.

– Ви благодарам јас татко имам во Куманово, Димче се вика, амнестијата беше токму направена со политички договор во неколку наврати, мојот како што вие велите побратим по крв многу добро знае за тоа. Зошто Груевски побегна во Унгарија, кој му дозволи, зошто никој не одговараше никогаш за тоа, како тоа вратарите наши тогаш колеги пратеници денес не одговараат, зошто тој што со столови ни ги кршеше главите до ден денес не е осуден и на крај зошто до ден денес не ме повикаа никогаш повеќе да дадам изјава на суд откако во неформален разговор и реков на судијката дека тие што ги носат на суд за фрлање на сталци и статици кон нас треба да мандатно да се казнат и да се испратат дома со семејствата, а вистинските виновници коишто беа сценаристи и режисери, логистика, луѓе кои отвораа врати и ја наведуваа толпата по ходниците на Собранието да одговараат. Јас верував во таа борба за живот за сите, и доколку се вратам назад низ времето со тоа убедување повторно би постапил исто драг чичко Панче, но никогаш повеќе за онаа што потоа се случуваше со методите на Груевски на квадрат во маскирана форма. Како и да е времето ќе покаже кој погрешил – напиша Димитриевски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Откриени сторителите на двете убиства. Турција…

Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави…

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на…

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…