Малај по повод 111-годишнината од независноста на Албанија: Историјата на независноста не е целосна без косовските Албанци

t

Албанската амбасада во Приштина ја одбележа 111-годишнината од независноста на Албанија, а на свечената церемонија на која присуствуваа косовската претседателка Вјоса Османи, косовскиот премиер Албин Курти, лидерите на опозицијата, градоначалниците на општините и други гости, албанскиот амбасадор Петрит Малај рече дека историјата на Независноста на Албанија не е целосна, без признавање на жртвите и придонесот на косовските Албанци, пишува Косова прес.
„Историјата на независноста на Албанија не е целосна без признавање на жртвите и придонесите на косовските Албанци, кои секогаш останаа цврсти во својата поддршка за заедничката национална кауза“, рече Малај.

Зборувајќи за долгиот пат на Албанците во нивната борба за независност и слобода, што доведе до подигнување на државното знаме на 28 ноември во Валона, албанскиот дипломат потсети дека 28 ноември не е само едноставен датум на календарот. туку светилник на националниот идентитет и доказ за храброста на албанскиот народ да постигне самостојна држава.

„Токму во ноември 1912 година, Исмаил Ќемајли го подигна знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за независна и суверена држава, палејќи го пламенот на слободата кој сјае и денес. Тоа беше заеднички сон и национално будење за сите нас Албанците. Тие се бореа не само за територијалниот интегритет на независната албанска држава, туку и за идеалите што не дефинираат: слободата, суверенитетот и правото да ја градиме сопствената судбина“, рече Малај.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, истакна дека денес Албанија е демократска земја која ги промовира вредностите на слободата и човековите права и е на пат кон европска интеграција, како и придонесува за мирот и стабилноста во регионот.

Премиерот Албин Курти ја честиташе 111-годишнината од прогласувањето на албанската држава, велејќи дека 28 ноември е денот на знамето и обединувањето на независноста на државата и победата на албанскиот народ.

Денот на независноста на Албанија се слави како комеморација на денот во 1912 година кога беше потпишана Декларацијата за независност на албанската држава.

Албанската декларација за независност е документ кој беше усвоен на 28 ноември 1912 година на собранието во Валона, со кој беше основана независна Албанија и заврши периодот на албанската национална преродба.

Членовите на Балканската лига ја нападнаа Отоманската империја во октомври 1912 година со цел да ги поделат нејзините балкански поседи, кои во голема мера опфаќаа области населени со Албанци кои се противеа на окупацијата на нивните населби и организираа доброволни единици кои пружија силен отпор.

Албанските претставници првично се бореле за автономија на Албанија во рамките на Отоманската империја, меѓутоа, по големите пресврти во Првата балканска војна, кога балканските територии на Отоманската империја биле поделени меѓу соседните земји, Албанците исто така одлучиле да создадат независна држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи: Мојот сон е сите Албанци да…

Претседателот на ДПА и дел од коалицијата…

Курти: Оптимист сум за членството на Косово…

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека е…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

Нема договор меѓу Белград и Приштина за…

По речиси шест часа разговори, и денеска…