Малку утна: Шведската премиерка ѝ честиташе на погрешна Лиз Трас

t

Лиз Трас, чие полно име е Мери Елизабет Трус, вчера стана нова премиерка на Велика Британија, на што, како што налагаат дипломатските обичаи, честитаа бројни шефови на влади и држави од целиот свет.

Многу од нив тоа го направија преку социјалните мрежи, како шведската премиерка Магдалена Андерсон. Но, таа честитка не стигна до Трас – поради грешка. Имено, новата британска премиерка предизвика мала збунетост на Твитер бидејќи на оваа популарна платформа има (барем) два профили со нејзиното име, едниот trussliz кој навистина го користи, а другиот liztruss на извесна Лиз Трусел. Како што пренесуваат британските медиуми, неизбежно било некој да и го честита изборот на шеф на владата и Конзервативната партија на погрешната Лиз, исто како што тоа го направи шведската премиерка. Иако тој твит подоцна беше избришан, Андерсон сепак доби одговор – погрешната Лиз Трас и напиша дека едвај чека да ја посети Шведска.

Ова, секако, не беше единствената честитка испратена на погрешна (Твитер) адреса, која доби и критики за новоизбраниот премиер.

Еден корисник на Твитер ѝ предложи на Трусел да биде новиот премиер, на што таа одговори „да, јас и кралицата дефинитивно ќе бидеме најдобри“, додека друг предложи кралското семејство да ја покани на чај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…

Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Шведска усвои закон за мигранти — кој…

Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…

Шведска пресретна два руски борбени авиони

До ова дошло во два наврати во…

Од таблети и лаптопи шведското образование повторно…

Шведскиот образовен систем прави значаен пресврт по…