Мамиќ ги „утепа“ Англичаните: Среќа ваша што Динамо не игра во Премиер лигата!
Синоќешната победа на Динамо Загреб на домашен терен против Челси (1-0) на стартот од сезоната во Лигата на шампионите (ЛШ) силно одекна во фудбалскиот свет, а донесе и урнебесна објава од поранешниот прв човек на клубот, Здравко Мамиќ.
Тој од БиХ, каде што се крие од правосудните органи на Хрватска со оглед што е осуден на затворска казна, им фати голем сеир на Англичаните со оглед на резултатите кои „модрите“ ги имаа против клубовите од оваа земја во изминативе години.
„Динамо-Арсенал 2-1, Динамо-Тотнем 3-0, Вест Хем-Динамо 0-1, Динамо-Челси 1-0. Среќа ваша што Динамо не игра во Премиер лигата“, напиша Мамиќ.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…
Петровска: На СДСМ му треба лидер со…
Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…