Марин Ле Пен во комотно водство пред претседателските избори во Франција

t

Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин Ле Пен, е кандидатката за нов претседател на Франција која најмалку ги загрижува Французите, покажуваат резултатите од анкетата објавени денеска, кои ги пренесуваат француските медиуми.

Шест од десет испитаници во анкетата на Ipsos и BVA, објавена од „Паризиен“, изјавиле дека претседателската кандидатка на RN ги загрижува „малку или многу“. Нешто послаб резултат има Едуар Филип, поранешен премиер и основач на десничарската партија Хоризонти, кој предизвикува загриженост кај 64 отсто од Французите.

Зад нив се останатите претседателски кандидати, кои можат да се поделат во две групи.

Во првата се Габриел Атал, исто така поранешен премиер од партијата Преродба, потоа претседателот на Републиканската партија Бруно Ретајо и францускиот политичар од левиот центар Рафаел Гликсман, кои загрижуваат меѓу 71 и 72 отсто од гласачите.

Уште полоши резултати имаат Оливие Фор од Социјалистичката партија, Марин Тондолие од Еколошката партија, Жан-Лик Меланшон од левичарската партија Непокорна Франција и крајнодесничарскиот кандидат Ерик Земур. За нив меѓу 79 и 81 отсто од испитаниците рекле дека ги загрижуваат.

Кога станува збор за намерите на Французите за гласање на претседателските избори, кои ќе се одржат во два круга – на крајот на април и почетокот на мај 2027 година – Марин Ле Пен и понатаму е во убедливо водство, со сличен резултат во сите анкети. Околу 34 отсто од испитаниците најавуваат дека својот глас ќе ѝ го дадат на Ле Пен, објави телевизијата BFM.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен во комотно водство пред…

Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Франција со сериозно предупредување до Европа: „Ова…

Генералната директорка на француската Генерална управа за…

Автомобил влета во луѓе на железничка станица…

Еден човек загина, а најмалку десет се…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…