Маричиќ – Вархеји: Реформите и комплетираната преговарачка рамка се гаранција за членство на Македонија во ЕУ

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, при што разговараа за задачите и обврските кои ги имаме да ги завршиме оваа година поврзани со процесот на евроинтеграција.

Како што соопшти СЕП, успешно и брзо да ги направиме реформите, било едно од барањата на еврокомесарот Вархеји и со политичкото обединување околу евроинтегративниот процес и успешните уставни измени Македонија да ја загарантира европската перспектива.

На средбата еврокомесарот Вархеји, се посочува во соопштението, ја потврди поддршката која Македонија ја има од европските партнери, која според Маричиќ треба да ја искористиме и да биде мотив подинамично и интензивно да продолжиме со процесот на преговори.

На средбата вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ го брифираше еврокомесарот за текот на скринингот и подготовките за изработка на важните Патокази, како и за изработката на приоритетниот реформски план.

– Имаме капацитет да го задржиме темпото на скрининг и да го искористиме овој дел од преговорите за да подготвиме темелен реформски план кој за кратко време ќе ги исполни очекувањата и на ЕУ и на македонските граѓани, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ со еврокомесарот за проширување Вархеји зборуваше и за актуелните политички случувања и заедничкото справување со енергетската криза.

За односите со Бугарија беше констатирано дека разликите мора да се решаваат врз европските вредности, на европски начин, со меѓусебно почитување и во духот на добрососедските односи, се додава во соопштението.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…