Маричиќ во Брисел: Започнува скринингот за поглавјето “Правосудство и фундаментални права”

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални вредности“.

Како што соопшти СЕП, во следните два дена, Работната група за преговори, низ 24 презентации, ќе ја претстави позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на Македонија во однос на европското право во областа на судството, антикорупциската политика, основните права, правата и заштитата на малцинствата и правата на граѓаните на ЕУ, пред експертите од Европската комисија.

Дел од македонскиот преговарачки тим е и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања и заменик на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, а членови на Работата група за преговори се претставници од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, од министерствата за правда, за внатрешни работи, МНР, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за информатичко општество и администрација, од Судски совет, Совет на јавни обвинители, Јавно обвинителство, Државна комисија за спречување на корупцијата, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски сервиси, Агенција за заштита на лични податоци, Агенцијата за катастар на недвижности и Секретаријатот за европски прашања.

Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“ ги покрива областите на правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права. Европските принципи за фундаментални права се утврдени во Повелбата за фундаменталните права која со стапувањето на Лисабонскиот договор во сила е правно-обврзувачка за земјите членки. Во оваа област фокусот на Европската Унија е ставен на борбата против дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, слободата на изразување, заштитата на личните податоци, како и на заштитата на ранливите групи, како што се децата, жените и малцинствата, информираат од Секретаријат за европски прашања.

Поглавјето 23 заедно со Поглавјето 24 – слобода, безбедност и правда, се едни од најкомплексните поглавја, а динамиката на преговорите во оваа област влијае врз напредокот во другите аспекти на преговорите со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11 земји од ЕУ бараат да се…

Единаесет земји членки на Европската унија бараат…

Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија

Европската Унија подготвува нов, голем список на…

Украина бара предвремено користење на заемот од…

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денеска…

На Исланд референдум за продолжување на преговорите…

Исланѓаните денеска на референдум треба да се…

Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…