МАРИЧИЌ: Грција ни е пријател и силен поддржувач на нашата земја во ЕУ, брзо ќе биде отворен новиот граничен премин Маркова Нога
С. Македонија ја има Грција за партнер и силен поддржувач на европскиот пат, напиша на Фејсбук заменик- претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по средбата во Атина со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис.
Маричиќ истакна дека имале значаен и содржаен состанок и разговарале на важни теми за двете земји, но и за случувањата во регионот.
-Денешната посета е уште една потврда за постоење на добра политичка волја и потенцијал за меѓусебна соработка во остварувањето на заедничките стратешки цели и нови инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат мобилноста на нашите граѓани, како отворањето на граничниот премин Маркова Нога за кој веруваме дека ќе има успешна реализација и брзо и ефикасно отворање, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Додаде дека добрососедските односи и поддршката од Грција „отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции“.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија на Твитер напиша дека „европскиот пат на С. Македонија е поврзан со целосна имплементација на Договорот од Преспа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…
Жена од Тетово се здобила со тешки…
Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…
Авион МиГ 29 на српската армија од…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…
Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…