Маричиќ: ЕУ ќе има нови членки, од нас зависи дали ќе бидеме меѓу нив
Вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ, вечерва во „Клик Плус“ на тв21 рече дека во техничката влада има плус задачи. Тој ја води и Комисијата за политички систем, а доколку техничкиот премиер Талат Џафери не може, тој е предводник и на Владата.
„Воедно ја водам и Комисијата за политички систем во Владата, значи еден состанок плус во неделата, и присуството на седниците е задолжително затоа што доколку не е тука премиерот Џафери, треба да ја водам Владата. После работното време сме и политички активирани, пред изборите“, изјави Маричиќ.
Во емисијата искажа убедување дека во 2030 година ЕУ ќе има нови членки, и дека само од нас зависи дали ние ќе бидеме меѓу нив, или ќе стоиме и натаму во чекалната.
„Треба да биде отрезнувачки тоа дека времето не работи за нас. Опозицијата која ја промовира таа стратегија дека треба да чекаме, но се покажа дека чекањето не е добитна стратегија, и не работи за нас. Јас ве уверувам дека околу 2030 година ќе има нови членки во ЕУ, а прашањето е дали ние ќе бидеме во публиката и ќе аплаудираме на Црна Гора, Украина, Молдавија, БИХ и Србија, или ќе бидеме заедно со нив со бината во ЕУ“ – изјави Маричиќ.
За соработката со неговиот претходник Артан Груби, рече дека е „Коректна, како и до сега“.
„Коректна и партнерска, како и до сега е соработката. До скоро тој ја водеше Комисијата за политички систем, тој е сега мој заменик кога јас не сум тука, и засега нема никакви проблеми“, изјави Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…