Маричиќ: Ова се избори за членство на нашата држава во ЕУ

t

„Крајната цел на овие избори е што ќе се случува во следните четири години. Дали ќе преговараме со Бугарија или ќе продолжиме да преговараме со ЕУ. Во еден тежок процес дојдовме до компромисот, ја имаме усвоено преговарачката рамка која ги заштитува нашите национални  интереси, македонскиот јазик и неговиот статус и единствен услов за продолжување на преговорите се уставните измени. По завршениот скрининг кој е успешно оценет и пофален од сите, она што следи е комплетирање на преговарачките групи по изборите, планот за раст и сè ова е достижно во следните 4 години, да се заклучат преговорите во 2028 година. Нам ни треба обновен консензус за ЕУ”, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ,  Бојан Маричиќ, во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

„Овие избори, колку и да сака да ги залажува ДПМНЕ граѓаните, се токму за членство на нашата држава во ЕУ.  Додека Украина и Молдавија добиваат преговори и веќе го почнуваат скринингот, сите се движат напред, ние заради инаетот на ДПМНЕ стоиме во место, а во меѓувреме пукнаа како меур од сапуница сите оние тези кои ги продаваа, дека ќе има  бугаризација, дека идентитетот ни е загрозен. Нам ни треба обновен консензус за ЕУ и тоа не само за уставните измени, туку и за многу други прашања”, објасни Маричиќ.

Тој потенцираше дека доколку ДПМНЕ се вразуми можеме да ги завршиме преговорите до 2028 и да се надеваме на членство до 2030. Тој рече и дека да не беше блокадата кој ја правеше ДПМНЕ, уставните измени ќе беа решени во 2022, најдоцна 2023 година.

„Но, не предвидовме активна блокада во сопствената држава од  ДПМНЕ и пак кажувам, дека до 2028 може да ги завршиме преговорите ако не нè блокира ДПМНЕ”, рече Маричиќ.

„ДПМНЕ премногу  далеку отиде со овој процес со контрирање, но најтешко од се е сега да се враќаме назад. Стратегијата на чекање на ДПМНЕ е погубна стратегија. Во владеењето од 11 години тие никого не заштитија, а идентитетот никогаш не бил позагрозен од тогаш.  Стратегијата  на ДПМНЕ е чекање и губење на позициите. Наместо да преговараме со Брисел, ние ќе треба да преговараме со Бугарија. Јас уште еднаш ќе потенцирам дека кога е во прашање македонскиот јазик, тоа веќе е исполнето, тука е во говорот на претседателката Фондерлајн, каде што го потврдува нашиот јазик, договорот Фронтекс кој е потпишан на македонски јазик, одобрен од сите 27 држави  вклучувајќи ја и Бугарија, да пишува македонски јазик, во преговарачката рамка стои македонски јазик,  германскиот Бундестаг носи резолуција за поддршка на македонскиот јазик и идентитет, Американскиот сенат, кој уште треба да ни потврди дека тоа сме тоа што сме”, рече Маричиќ.

Маричиќ рече и дека, проевропските партии ќе ја  формираат новата Влада, а СДСМ ќе биде столб на оваа Влада и после тоа никој нема да има аргумент зошто би ја кочел сопствената држава во следните 4 години. Политиката на активна блокада пропадна со новиот деловник на Собранието и време е да го обновиме консензусот за ЕУ и да се гради позицијата во овој процес, а мнозинството граѓани сакаат во ЕУ и токму таа желба нас нè крепи да ја однесеме државата онаму каде што припаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…