Објавено на:

Маричиќ: Отворен Балкан е иницијатива која ќе го поврзе регионот и ќе покаже едно ново лице на Балканот

t

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања во интервјуто за Фронтлајн, дадено во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“, рече дека „Отворен Балкан“ е иницијатива која е искрена и отворена за сите, се со цел државите од Западен Балкан да направат нешто повеќе за граѓаните од нивните држави, олеснување на протокот на луѓе и добра, капитал и иницијативи и проекти коишто ќе го поврзат регионот и ќе покажат едно ново лице на Балканот.

„Оваа иницијатива има за цел да ги зближи луѓето, сите отворени прашања да ги стави на маса и со прагматични чекори, со олеснување на преминот преку границите, со признавање на дипломите во целиот регион, со можност за вработување, да се почувствува тој европски дух и во Западен Балкан. Ние како држава сме секогаш отворени доколку некоја друга земја сака да се приклучи на иницијативата, додаде вицепремиерот Маричиќ.

На прашањето зошто некои земји од Балканот, како на пример Босна и Херцеговина и Косово со недоверба и страв гледаат на иницијативата, Маричиќ вели дека тоа, според него, се темели на минато искуство, кога Балканот беше жариште на војни и конфликти, бескрајни билатерални спорови од коишто корист имаа само одредени политички групи.

Според Маричиќ само на Балканот уште постојат толку тврди граници, кои тешко се поминуваат во секоја смисла. Што била една од причините лидерите да ја создадат оваа иницијатива, со која ќе се олесни живеењето на граѓаните и транзитирањето во овие земји.

„Се чека во редици, бизнисот тешко функционира од двете страни на границата. Неодамна еден албански бизнисмен којшто извезува морска храна рече дека полесно е да се извезе во Норвешка, отколку во Северна Македонија или Србија. Тоа нè поттикна на оваа иницијатива која има за цел да ги зближи луѓето, сите отворени прашања да ги стави на маса и со прагматични чекори, со олеснување на преминот преку границите, со признавање на дипломите во целиот регион, со можност за вработување, да се почувствува тој европски дух и во Западен Балкан, истакна Маричиќ, потенцирајќи дека ние како држава сме секогаш отворени доколку некоја друга земја од Западен Балкан сака да се приклучи на иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…

Нема договор меѓу Белград и Приштина за…

По речиси шест часа разговори, и денеска…

Вучиќ: Подобро да бидам најлошиот на светот,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од…

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…