Маричиќ тврди дека Мицкоски по амбасади ветува уставни измени ако дојде на власт
Доколку за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив предлогот, што и премиерот Димитар Ковачевски неколку пати го даде на лидерската средба во Собранието, прво да ги гласаме уставните измени, а потоа да одиме на избори, ние сме за. Не сакаме тој товар да го оставиме на граѓаните и со национализам да ја оптеретува изборната кампања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.
„ВМРО-ДПМНЕ кога разговараат со амбасадори ветуваат дека ќе биде променет Уставот во моментот кога тие ќе биле на власт. Бидејќи им се брза и за избори еве нашиот предлог е веднаш да ја завршиме таа обврска, па потоа нека ценат граѓаните кој бил искрен и кој за што се залагал“, рече Маричиќ.
Осврнувајќи се на барањето на Христијан Мицкоски за предвремени избори, Маричиќ посочи дека тоа е негов единствен начин на политичко дејствување, наменет за внатрепартиска употреба.
„Постојаната алузија на Мицкоски дека нема мнозинство и дека ќе има ново мнозинство или пак предвремени избори е всушност само празна реторика за држење на своите поддржувачи на куп и давање надеж дека ќе има брзо избори. И самиот е свесен и самиот се демантираше дека наводно никогаш тој не рекол дека ќе има предвремени избори, а само за тоа зборуваат во Собрание“,
рече Маричиќ, додавајќи дека изборите ќе бидат редовни, кон средината на следната година.
Маричиќ истакна дека „Европскиот фронт“ има за цел да го забрза процесот на евроинтеграција и спроведување на потребните измени на Уставот.
„Нашата цел е сите политички субјекти кои што го поддржуваат европскиот пат искрено да застанат на едно место и на една страна и јас сум сигурен дека тоа е мнозинството и дека тоа ќе не доведе во ситуација да формираме Влада и по наредните избори. Тоа не е европски фронт против никого, тоа е европски фронт за обезбедување на нашата европска иднина. Мислам дека не можете да говорите, како што тоа го прави ВМРО – ДПМНЕ, за Левица не коментирам бидејќи тие се отворено против ЕУ и НАТО, а ВМРО – ДПМНЕ говори номинално дека е за ЕУ, меѓутоа кога доаѓа момент да се даде поддршка крупни, клучни и тешки политички одлуки никогаш не се реално за“, посочи Маричиќ.
Тој посочи дека многумина изборната година ја сметаат за изгубена година и затоа, како што рече, ние се трудевме да не дојде до предвремени избори во овој мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…