Маричиќ – Шуц: Германија останува посветена на регионот, Македонија да се фокусира на реформите

t

Отворањето на преговорите на Македонија со Европската Унија е значаен чекор во политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што е од стратешки интерес и за регионот и за Европа, рече директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи, Сузана Шуц на денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што нагласи Шуц, интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и соработката во рамки на Берлинскиот процес остануваат приоритет за Германија и во наредниот период.

Соговорниците се согласија дека сега е сè во рацете на Македонија и дека е потребно земјава да се посвети на реформите и на исполнување на обврските, како и на вистински начин да ја искористи позитивната атмосфера во европските институции и меѓу земјите членки.

– За нас е важно да ја имаме поддршката од земјите членки на ЕУ. Почетокот на преговорите со Унијата е заеднички успех, со кој отворивме нова страна на евроинтегративниот процес. Сега е најважно да останеме фокусирани на реформите и на процесот на преговори, рече Маричиќ.

Маричиќ, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, се заблагодари за континуираната поддршка што земјава ја има од Германија и за препознавањето и вреднувањето на работата и посветеноста на оваа Влада на реформите.

На средбата се разговараше за одвивањето на скрининг процесот, за регионалната соработка и за важноста од проактивноста на Берлинскиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…